Женски клуб

Женскиот клуб Иша (жена на хебрејски) има долга традиција и денес е активен во рамките на заедницата.

Како дел од проектот за уметност Иша, жените имаа обука за различни техники на сликање, на стакло, порцелан и ткаенина, како и за работа со глина. Со стекнатите техники изработуваат ракотворби со еврејски мотиви со коишто учествуваат на различни хуманитарни акции и семинари во Македонија и во странство.

Жените исто така ја чуваат и унапредуваат еврејската традиција преку подготвување јадења од богатата еврејска кујна. За еврејските празници, тие подготвуваат хала, мацес пити, бурекитас, латкес крофни и други автентични еврејски специјалитети. Со овие специјалитети учествуваат на различни базари и хуманитарни акции, како на пример манифестацијата по повод Светскиот ден на лебот.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch