Сукот

Сукот се слави 15. ден од месецот тишри по еврејскиот календар, односно периодот од крајот на септември до крајот на октомври. Тој е еден од трите празници за поклонение (шалош регалим на хебрејски) – на овие празници старите Евреи оделе на поклонение во Ерусалим за да можат таму да го прослават празникот и да принесат жртви во храмот.

Сукот почнува петтиот ден по Јом Кипур и го менува начинот на празнување – од свеченото празнување на Јом Кипур до весела прослава на Сукот. Се слави седум дена, од кои празнично се прославува првиот ден преку молитва и празнична храна.

На хебрејски зборот сукот е множина од сука, што значи колиба. Значењето на Сукот е и историско и земјоделско; историски, Сукот го означува четириесетгодишното талкање на Евреите низ пустината по излегувањето од Египет. Земјоделското значење се гледа во изразувањето благодарност за есенската берба.

Колибата сука треба да има најмалку три страни, а четвртата може да биде отворена. Таа се прави од штици, палмови гранки, лисја и трски. Покривот е привремен и е направен од гранки – тој треба да ги пропушта сончевите зраци но и да овозможи да се гледаат ѕвездите во текот на ноќта. За време на празникот, во суката се служат оброци и се преспива.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch