Синагога

E-mail Print PDF

На 11 март 2000 година во зградата на Еврејската заедница е осветена синагогата Бет Јаков. Посетителите може да ја посетат во текот на работното време на заедницата. Во неа редовно се одржуваат служби за поголемите еврејски празници според еврејскиот календар.

Синагогата е изградена и уредена според обичаите и традицијата на сефардските Евреи и спаѓа во групата на сефардските ортодоксни синагоги. Прозорците се украсени со прекрасни витражи со мотиви од еврејскиот животен циклус. Парохетот (завеса) којшто го краси светиот орман (арон хакодеш – орманот во којшто стои Тората) е истиот оној што се наоѓал на орманот на старата скопска синагога и датира од 5698 година по еврејскиот календар или од 1937 година. Синагогата го носи името на старата скопска синагога.

Изградена е со помош на донации од Владата на Република Македонија, JOINT, Pasadena Jewish Temple and Center California, Temple Beth Israel Phoenix, како и од донации на нашите членови и Евреи од дијаспората и Израел.

Со изградбата на синагогата повторно се обнови религиозната практика во заедницата.

За жал, во овој момент нема редовни служби за Шабат.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch