Шабат

Шабат е седмиот ден во неделата кој започнува со појавувањето на првите три ѕвезди на небото во петок, а завршува во сабота, пред заоѓањето на сонцето.

Шабат е најголемиот еврејски празник; тој е ден на одмор кога се прекинува физичката работа и секоја работна активност. Шабат е ден посветен на семејството, без разлика дали семејствата ќе бидат во својот дом, или ќе одат на излет. Родителите им го посветуваат своето слободно време на децата, раскажувајќи им приказни од Тората и дискутирајќи за минатонеделните активности.

Шабат се поврзува со два настана во Тората – создавањето на светот и робувањето на Евреите во Египет. Бог го создава светот шест дена, а одмора седмиот – истиот принцип важи и за човекот – токму ова е религиозното значење на Шабат. Општествената димензија се гледа во пристапот кон слугите – во Тората е запишано не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни робот твој. Се нагласуваат сеќавањата за ропството и страдањето за да ги потсети Евреите дека никогаш не треба да се однесуваат со некого на ист начин.

Секој петок, пред заоѓањето на сонцето, еврејската домаќинка пали две шабатни свеќи на масата подготвена за саботната вечера. Таа обврска на жената е во согласност со еврејското сфаќање дека жената треба да води грижа за куќата. При палењето на свеќите се изговара благослов и се покрива лицето.

Кидуш е благословот со којшто се посветува саботата и се кажува над чаша со вино зашто виното во Тората е синоним за радост.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch