Рош Хашана

Рош Хашана (глава на годината на хебрејски) се празнува 1. и 2. ден од месецот тишри, односно во септември, и е назив за еврејската Нова година. За разлика од другите еврејски празници на коишто преовладува весела атмосфера, на Рош Хашана и Јом Кипур се изразуваат чувства на длабока сериозност и на морална одговорност. Овие празници се поврзуваат со страшни денови (јамим нораим на хебрејски) кога човекот излегува пред небесниот суд. Рош Хашана претставува одвојување на старата од новата година, кога секој Евреин се простува од старата година со тоа што се навраќа на сите свои добри и лоши дела. За добрите се восхитува, а лошите ги прифаќа со цел да не ги повтори во новата година.

Обичаите за Рош Хашана го симболизираат човековото настојување за плодна година. Така, традиционален поздрав е Шана Това, што значи добра година, или Шана Метука, слатка година. Традиционално, новогодишната вечера треба да се почне со нешто слатко, како на пример јаболко натопено во мед.

Рош Хашана се означува со дувањето во шофар, стар музички инструмент направен од рог од кое било чисто животно, освен од крава или од вол.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch