Новости

Заеднички настап на Ofir, el Viaje, и хорот Моис Хасон во рамките на Скопско лето

 


 

На 23 јули во рамките на Скопско лето настапија шпанската група Ofir и Камерниот хор на Еврејската заедница Моис Хасон во Меморијалниот центар на холокаустот.

Ofir el Viaje, на шпански и на ладино патувањето, е проект кој ја носи сефардската музика по брегот на Медитеранот на патување слично на она на кое тргнаа сефардските Евреи кога беа протерани од Шпанија. Така, сефардската песна на Ofir стигна до Монастир, каде што некогаш постоела една од најважните сефардски заедници по прогонувањето од Шпанија. Текстовите и мелодиите на Ofir остануваат верни на вековното наследство, а аранжманот е модерен, со звук на европскиот фолк од седумдесеттите, нордискиот џез-рок, афро-ритамот, психоделичниот рок на шеесеттите и џезот.

Ofir и хорот Моис Хасон заеднички ја изведоа познатата сефардска романса Skalerika de oro. Настапот на Офир на Локум фест Битола и на Скопско лето беше финансиски поддржан од Еврејската заедница.

 

 

 


 

 

Комеморација за Јом Хашоа 2012

 


 

 

 

На 19 април го одбележавме Јом Хашоа - ден на сеќавање на жртвите на холокаустот во Израел со палење шест меморијални свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот.

 

 

 

 

Свеќите ги запали Александар Шумковски, еден од постарите членови на заедницата и преживеан од холокаустот, во сеќавање на 6. милиони Евреи - жртви на холокаустот. Солистката од хорот Моис Хасон Гонца Богоромова ја изведе еврејската духовна песна Ели, Ели.

 

По палењето на свеќите, во Центарот беше прикажан документарниот филм Кажете им на вашите деца.

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

Комеморација во Битола и во Штип - 12 март 2012 год.


 

На 12 март делегации од членови и пријатели на Еврејската заедница беа во Битола и во Штип и учествуваа на комеморативни активности.
Во Битола делегацијата беше во посета на Детската градинка Естреја Овадија-Мара каде што присуствуваа на приредба што ја организираа децата од градинката. Потоа делегацијата ја прими градоначалникот на Битола Владимир Талевски. Делегациите положија цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола, Споменикот на народниот херој Естреја Овадија-Мара и Споменикот на паднатите борци. Во Културниот центар Магаза беше отворена изложбата Нови сведоци на холокаустот, од истоимената ликовна колонија што се одржа во Битола во август 2011 година. Изложбата ја организираа Мeморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и НУ Зaвод и музеј Битола. Активностите завршија со посетата на Еврејските гробишта во Битола.
Во Штип делегацијата беше на прием кај градоначалникот на Штип Зоран Алексов во Собранието на Општина Штип, а потоа положи цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Штип.

 

Комеморација на 7144 македонски Евреи однесени во Треблинка - 11 март 2012 год.


 

На 11 март 2012 година ја одбележавме 69-годишнината од депортацијата на 7144 македонските Евреи во Треблинка. Делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата и на дипломатскиот кор, гости од други еврејски заедници и организации положија цвеќиња во Монополот - привремениот логор на Евреите, на Еврејските гробишта - Бутел и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ.
Во Меморијалниот центар на холокаустот беше отворена изложбата Детски приказни - цртежи на деца од гетото Терезин. Изложбата е поставена во Меморијалниот центар во соработка со Амбасадата на Република Чешка и Еврејскиот музеј во Прага.
Вечерта на 11 март се одржа комеморативен концерт на хорот Моис Хасон, квартетот Бревис и виолинистот Иван Прилепчански. Музичката програма се состоеше од класична музика, сефардски романси и еврејски песни. Исто така беа прочитани и раскази на тема холокауст на ученици од основното училиште Ѓорѓија Пулевски. Говори одржаа претседателот на Еврејската заедница Бјанка Суботиќ, амбасадорот на државата Израел за Македонија Давид Коен, рабинот Ендру Бејкер од Американскиот еврејски комитет и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. 


 

Пурим 2012

 



На 8 март го прославивме празникот Пурим. Како и досега, имавме маскенбал - и децата и постарите носеа најразлични маски. Со децата работеа едукатори коишто ја раскажаа приказната за кралицата Естера, а на секое споменување на Хаман, децата правеа врева. Исто така, жените од Женскиот клуб ги подготвија познатите Хаманови уши. Пурим помина во весела атмосфера на смеа и дружење, впрочем, како и секогаш досега.

 

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch