Новости

Проект за меѓурелигиски дијалог - Толеранција, дијалог, соработка!

 


Еврејската заедница учествува во Проектот за меѓурелиски дијалог од самото започнување на проектот во јануари 2011 година. Проектот го реализираа Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија Социетас Цивилис, а беше финансиран од Европската Унија преку програмата Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) и кофинансиран од Фондацијата Конрад Аденауер. Во проектот учествуваа петте религиозни заедници од Уставот на Република Македонија: Македонската православна црква, Исламската верска заедница воМакедонија, Католичката црква, Евангелско - Методистичката црква и Еврејската заедница.

 

Целта на проектот е да ја подигне свеста кај населението во Македонија за религиска толеранција и прифаќање на различното религиозно убедување, како и да придонесе за демократскиот процес за промовирање на слободата на изразување, меѓурелигиски дијалог и религиозниот плурализам.

Во текот на октомври и ноември неколку групи на студенти од различни факултети дојдоа во посета на заедницата и на синагогата Бет Јаков каде што се запознаа со податоци за Еврејската заедница, историјата на Евреите во Македонија и основните поими во јудаизмот.

 

За повеќе информации за Проектот за меѓурелигиски дијалог погледнете го следниов линк: http://www.tolerancijadijalogsorabotka.mk/

Првиот спот од кампањата може да го погледнете на https://www.youtube.com/watch?v=spu9QliEizE

Вториот спот од кампањата може да го погледнете на

http://www.youtube.com/watch?v=5SbOnnXbs5Q


 

 
  • «
  •  Start 
  •  Prev 
  •  1 
  •  2 
  •  3 
  •  Понатаму 
  •  End 
  • »
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch