Комеморација на 7144 македонски Евреи однесени во Треблинка - 11 март 2012 год.


 

На 11 март 2012 година ја одбележавме 69-годишнината од депортацијата на 7144 македонските Евреи во Треблинка. Делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата и на дипломатскиот кор, гости од други еврејски заедници и организации положија цвеќиња во Монополот - привремениот логор на Евреите, на Еврејските гробишта - Бутел и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ.
Во Меморијалниот центар на холокаустот беше отворена изложбата Детски приказни - цртежи на деца од гетото Терезин. Изложбата е поставена во Меморијалниот центар во соработка со Амбасадата на Република Чешка и Еврејскиот музеј во Прага.
Вечерта на 11 март се одржа комеморативен концерт на хорот Моис Хасон, квартетот Бревис и виолинистот Иван Прилепчански. Музичката програма се состоеше од класична музика, сефардски романси и еврејски песни. Исто така беа прочитани и раскази на тема холокауст на ученици од основното училиште Ѓорѓија Пулевски. Говори одржаа претседателот на Еврејската заедница Бјанка Суботиќ, амбасадорот на државата Израел за Македонија Давид Коен, рабинот Ендру Бејкер од Американскиот еврејски комитет и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. 


 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch