Новости

12 март 2013 година - 70 години од депортацијана на 7144 македонски Евреи во Треблинка - Битола и Штип


На 12 март делегации од членови и пријатели на Еврејската заедница беа во Битола и во Штип и учествуваа на комеморативни активности.

 

Во Битола делегацијата беше во посета на Детската градинка Естреја Овадија-Мара каде што присуствуваше на приредба што ја организираа децата од градинката. Потоа делегацијата ја прими градоначалникот на Битола Владимир Талевски. Делегациите положија цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола, Споменикот на народниот херој Естреја Овадија-Мара и пред Споменикот на паднатите борци. Во Културниот центар Магаза беше отворена изложбата Јас, ти и оние на Сара Ајник. Активностите завршија со посетата на Еврејските гробишта во Битола.

 

Во Штип делегацијата беше на прием кај градоначалникот на Штип Зоран Алексов во Собранието на Општина Штип, а потоа положи цвеќиња пред Споменикот на депортираните Евреи од Штип. Во Собранието беше промовирана книгата Мартовски квечерини - ученички творби од Штип. Во Музејот на град Штип се отвори изложбата Малиот Давид - 80 цртежи од ученици од основни училишта од цела Македонија.


 

11 март 2013 година - 70 години од депортација на 7144 македонски Евреи во Треблинка


На 11 март 2012 година ја одбележавме 70-годишнината од депортацијата на 7144 македонски Евреи во Треблинка. Делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата и на дипломатскиот кор, гости од други еврејски заедници и организации, и многу организации од земјава положија цвеќиња во Монополот - привремениот логор на Евреите, на Еврејските гробишта - Бутел и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ.

 

Нашата делегација беше на прием кај градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во Градското собрание во Скопје, а потоа делегацијата се упати кон Еврејската заедница. Во синагогата Бет Јаков се одржа церемонија по повод подарувањето на свиток на Тора од Евро-азискиот еврејски конгрес. Внесувањето на Тората во синагогата се одржа во присуство на многу членови и на рабинот Лучијано Прелевиќ.

 

Вечерта на 11 март се одржа комеморативен концерт на Македонската филхармонија и хорот Моис Хасон во Домот на АРМ. Програмата се состоеше од музички дел, составен од класична музика и еврејски духовни песни, како и театарски монолог. Говори одржаа министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски, претседателот на Еврејската заедница Бјанка Суботиќ, амбасадорот на државата Израел за Македонија Јозеф Амрами, рабинот Ендру Бејкер од Американскиот еврејски комитет и заменик-претседателот на Европскиот еврејски конгрес Раја Каленова.

 


 

Сукот 2012


 

 

 

На 12 октомври го прославивме празникот Сукот. Како и секоја година, суката (колиба) ги чекаше членовите во дворот на заедницата. Најмладите членови и најмногу се забавуваа - си играа во суката и се запознаа со четирите видови на билки карактеристични за Сукот: етрог (вид цитронско овошје), лулав (листови од палма), адас (гранчиња мирта) и арава (гранчиња од врба). Потоа во суката се кажа молитвата за суката:

 

Барух ата Адонај Елоену мелех алоам ашер киденашу бемицвотав вецивану лешев басука.

 

За повеќе информации за карактерот и одбележувањето на Сукот, погледнете го следниов линк: http://ezrm.org.mk/index.php/mk/sukot

 

 

 

 

 


 

Рош Хашана 2012


 

На 16 септември ја пречекавме еврејската Нова година - Рош Хашана. Хазанот Максим Коен одржа вечерна служба за Рош Хашана во синагогата Бет Јаков, а потоа сите членови присуствуваа на заедничка седер вечера.

Шана Това! - на хебрејски овој поздрав значи нека ни е добра годината!

 

За повеќе информации за карактерот и одбележувањето на Рош Хашана, погледнете го следниов линк: http://ezrm.org.mk/index.php/mk/rosh-hashana

 

 

 


 

Европски ден на еврејската култура 2012

 


 

На 5 септември го одбележавме Европскиот ден на еврејската култура по седми пат. Оваа година темата беше Духот на еврејскиот хумор, а Еврејската заедница ги пречека гостите во Сули-ан. Домаќинот Нино Леви ги поздрави со традиционалната еврејска здравица Ле Хаим и чаша црвено вино за секој гостин. Вечерта помина во убава атмосфера со програма од stand-up комедија во изведба на Нино Леви и музичка програма на хорот Моис Хасон. Со одбележувањето на Европскиот ден, Македонија им се придружи на останатите европски земји во прославувањето на оваа паневропска манифестација.

 

 

 

 

 

 


 

 
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch