Комеморација 11 Март

E-mail Print PDF

11 Март е ден кога Еврејската заедница комеморативно го одбележува денот на депортацијата на македонските Евреи. На 11 март 1943 година, Евреите од Битола, Штип и Скопје биле собрани од своите домови, донесени во скопскиот Монопол и потоа однесени во логорот на смртта Треблинка. 7200 Евреи (98% од вкупното еврејско население) ги загубија своите животи веднаш по пристигнувањето во Треблинка.

Еврејската заедница секоја година со најразлични активности го одбележува овој ден. Уште од 1946 година, делегација на Еврејската заедница ги посетува местата на депортацијата, градовите Битола, Штип и Скопје.

Во Штип на 10 март, во организација на Општината и на градоначалникот, голем број штипјани, сограѓани и блиски пријатели на депортираните Евреи го посетуваат Споменикот на Евреите – жртви на фашистичкиот терор, каде што положуваат свежи цвеќиња и со пригодни говори се потсетуваат на животот во штипското Еврејско маало. Потоа, градоначалникот на опшината Штип приредува прием за гостите во просториите на Градското собрание.

Во Битола на 10 март, исто така делегација на заедницата, придружувана од градоначалникот на Општината, го посетуваат споменикот на Евреите лоциран во паркот каде што некогаш се наоѓало Еврејското маало. Голем број делегации од Сојузот на борците, армијата, сограѓани и сите оние што ги почитуваат Евреите полагаат свежи цвеќиња не само пред споменикот на Евреите туку и пред бистата на Еврејката – народен херој Естреја Мара Овадија која се наоѓа во непосредна близина. Потоа делегациите одат на старите Еврејски гробишта каде што се кажува кадиш (молитва за мртвите), а оттаму се упатуваат кон детската градинка којашто го носи името Естреја Маја Овадија. Секоја година децата од градинката подготвуваат богата приредба наменета за овој ден. Во Собранието на град Битола градоначалникот исто така приредува прием за дел од делегациите на којшто се говори за животот во градот Битола, некогаш и сега.

Во Скопје на 11 март, голем број претставници од Владата, дипломатскиот кор и политичките партии полагаат свежи цвеќиња пред споменикот во скопскиот Монопол. Активностите продолжуваат пред могилата на загинатите Евреи во Треблинка на Еврејските гробишта – Бутел со кажување кадиш, а потоа се оди на прием кај градоначалникот во Собранието на град Скопје.

Вечерта на 11 март традиционално се одржува комеморативен концерт, претстава, изложба или промоција на книга.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch