Историја на ЕЗРМ

E-mail Print PDF

Во почетокот на декември 1944 год., веднаш по завршувањето на војната, преживеаните Евреи решаваат да ја продолжат долгата традиција на еврејски општини во Македонија и ја обновуваат Eврејската општина во Скопје. На 26 декември 1944 год. во Скопје е формиран Првиот македонско-еврејски народноослободителен одбор на кој е однесена одлука за формирање Македонско-еврејска општина во рамките на Сојузот на еврејските општини на Југославија. Во почетокот на 1945 год. е обновена и Еврејската општина во Битола. За прв и последен претседател на општината бил избран Жозеф Камхи, којшто подоцна се преселува во Израел. Но, и покрај големата поддршка од општините во Скопје и Белград, таа престанува да работи две години подоцна затоа што многу нејзини членови се иселуваат.

За прв претседател на Еврејската општина во Скопје е избран Ѓорги Блаер. Во 1946 год. општината брои 471 член, од кои една четвртина биле дојдени од други делови на Југославија. Во повоените години, работата на општината се концентрира на обнова на еврејскиот живот и давање социјална помош на оние на коишто им била потребна. Се врши регистрација на сите преживеани Евреи, се организира кујна и се формира мала библиотека. Со формирањето на државата Израел во мај 1948год. многумина се иселуваат во новата татковина и членството полека почнува да се намалува. Некои се иселуваат и во САД и во Јужна Америка.

Општината се наоѓала во старото Еврејско маало на ул. 370 бр.7 под тврдината Кале. Во катастрофалниот земјотрес што го погодува Скопје во 1963 год. зградата на општината е делумно оштетена. Во 1964 год. штетите се санирани и општината го добива името Д-р Алберт Вајс. Новата зграда е изградена во 1975 год. на улица Борка Талески бр. 24, каде што се наоѓа и денес.

Во 1991 год. по осамостојувањето на Македонија, Еврејската заедница се одделува од Сојузот на еврејските општини на Југославија и продолжува да работи независно. Денес таа е единствена Еврејска заедница во Македонија, брои околу 250 членови, од кои најголем број се Сефарди. Членовите учествуваат во подготовките на најразлични одбележувања, како 11 Март, Европскиот ден на еврејската култура и други културни настани, со цел да се зачуваат еврејската култура, традиција и вредности.

Преживеаните Евреи од војната и членови на Еврејската заедница многу придонесле и сè уште придонесуваат во изградбата на демократска Република Македонија.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch