Камерен хор

Камерниот хор на ЕЗРМ го носи името на талентираниот диригент и композитор Моис Хасон. Хасон бил активен во зачувувањето и негувањето на сефардската музика и водел неколку хорови во Скопје. Бил миленик на скопската публика. Ја доживеал истата судбина како и најголемиот дел од Евреите во Македонија – во март 1943 година бил однесен во Треблинка.

Хорот ја почнува својата активност во февруари 2004 година. Составен е од аматерски и професионални пејачи, но и од членови на заедницата, а уметнички директор и диригент од самиот почеток е маестро Томислав Шопов.

Првиот официјален настап хорот го имаше на 1 јануари 2005 година во МАНУ. Оттогаш хорот настапуваше многу пати во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, на фестивалот Скопско лето, а гостуваше и на различни фестивали во странство. Во 2005 година, сними DVD на кое се наоѓаат многу сефардски романси и други еврејски песни во студиото на МРТВ.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch