Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија е основан на 23 април 2002 година со Одлука на Владата на Република Македонија врз основа на Законот за денационализација. Фондот постои како единствено правно решение во Европа за заштита на имотните права на депортираните Евреи без наследници. Фондот беше одговорен за изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот којшто се изгради со средствата добиени со денационализацијата на имотите на депортираните Евреи.

Идејата за Меморијален центар на холокаустот потекнува од големиот научник и хуманист, академик Иван Дејанов, поранешен претседател на Првото македонско-израелско друштво за пријателство.

Изградбата на Меморијалниот центар е една од првичните цели на Фондот. Освен оваа, другите цели на Фондот се: негување на еврејската култура и традиција, проучување на животот и работата на Евреите во минатото, заштита и ревитализација на еврејските споменици и историско архивирање на релевантните податоци за Евреите.

За повеќе информации поврзани со Фондот или Меморијалниот центар на холокаустот, посетете ја веб-страницата на Фондот: http://www.holocaustfund.org

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch