Европски ден на еврејска култура

E-mail Print PDF

Во 27 европски земји Европскиот ден на еврејската култура се одбележува во првата недела од септември. Оваа манифестација за прв пат ја организира Еврејската заедница во Франција во 1996 година, а веќе од 2000 година прераснува во Европски ден на еврејската култура низ цела Европа. Во 2010 година, Еврејската заедница во Македонија го одбележа Европскиот ден по петти пат.

Целта на Европскиот ден е да се претстави културното и историското наследство на Евреите во Европа пред пошироката јавност. На овој ден, еврејските заедници ги отвораат вратите на синагогите, музеите, гробиштата и еврејските маала и организираат изложби, концерти, предавања и дебати. На овој начин подобро се запознаваат различните култури во едно општество и се зацврстуваат комуникацијата и соработката.

Секоја година се избира различна тема – во 2010 година, темата беше уметноста и јудаизмот, а досега беа обработени и еврејската музика, образование и кујна.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch