Детско катче

Во рамките на заедницата, Детското катче Крал Давид има долга традиција на работење. Целта на Детското катче е пренесување на еврејската традиција, култура и обичаи на најмладите членови на заедницата.

Во улога на едукатори се јавуваат членови на Младинскиот клуб коишто работат со децата еднаш неделно. Се обработуваат теми од еврејската традиција, историја и религија, како што се празниците и обичаите сврзани со нив.

Така, на пример, секоја година за Сукот, најмладите учествуваат во правењето на суката во дворот на заедницата. Ја украсуваат со гранчиња, листови и цртежи на симболи за Сукот.

Младите користат најразлични методи за претставување на еврејските традиции. Така, често одредена приказна се работи преку изготвување краток филм во коишто децата ги играат улогите. За да се запознаат со начинот на печење на халата, традиционален еврејски леб, се организираат посебни часови заедно со членовите на женската секција.

За Пурим традиционално има маскенбал – и тој е еден од највеселите празници на којшто доаѓа до израз детската креативност. Голем број деца носат најразлични маски и се запознаваат со приказната за кралицата Естера.

Исто така, децата учествуваат и на семинари и на детски летни кампови во регионот на коишто имаат можност да се запознаваат со свои врсници и да ги прошируваат своите знаења.

 

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch