Ханука 2011 година

E-mail Print PDF

 


На 20 декември, првата вечер на Ханука, го започнавме прославувањето на нашиот празник на светлината.

Во дворот на заедницата, пред големата ханукија и многуте членови и гости хазанот Максим Коен ги кажа благословите Шеехејану, благословот за свеќите и за Ханука.

Барух Ата, Адонај, Елохену Мелех хаолам, шехехејану векијеману вехигиану лаземан хазе.

Благословен да си, Господе, Боже наш, крал на светот кој ни даде да постоиме, доживееме и стигнеме до ова време.

Барух Ата, Адонај, Елохену мелех хаолам ашер кидешану бемицвотав вецивану лехадлик нер Ханука.

Благословен да си, Господе, Боже наш, крал на светот кој нè посвети со своите заповеди и ни нареди да се пали Ханука свеќата.

Барух Ата, Адонај, Елохену мелех хаолам, шеаса нисим лаавотену бајамим хахем баземан хазе.

Благословен да си, Господе, Боже наш, крал на светот кој им направи чуда на нашите татковци, во оние денови, во она време.

 

По кажувањето на благословите, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ја запали првата свеќа на ханукијата, а хорот Моис Хасон ја изведе песната Маоз Цур. Потоа гостите присуствуваа на вечерна служба за Ханука во синагогата Бет Јаков каде што хорот изведе три духовни песни. Во салонот на заедницата хорот заедно со децата од Детското катче на заедницата испеаја песни за Ханука - Очо канделикас, Севивон, Ханука хаг јафе кол ках и О Ханука. Се служеше храна типична за Ханука - крофни и храна пржена на масло.

Како и досега, Еврејската заедница по повод празникот Ханука направи донација - оваа година, донираше клима уреди на детски градинки од четири општини од град Скопје - Чаир, Шуто Оризари, Центар и Карпош.

 

За повеќе информации за карактерот и одбележувањето на Ханука, погледнете го следниов линк: http://ezrm.org.mk/index.php/mk/hanuka

 


 

 



Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch