Јом Кипур 2011

E-mail Print PDF

 


На 7 октомври се одбележа Јом Кипур. Прво ги запаливме свеќите за Шабат, а потоа се кажа благословот Shehecheyanu, благослов којшто се кажува за специјални пригоди и за почетокот на некои празници, како што е Јом Кипур. Потоа ја пеевме молитвата Кол Нидре којашто се пее пред почетокот на вечерната служба за Јом Кипур, па потоа Шма Израел (дел од Тората што претставува централен дел на утринската и вечерната молитва, а во јудаизмот е највисока потврда на единствениот Бог)) и Хаци Кадиш (се рецитира меѓу два дела од службата), Видуј (исповед и признавање на вината за направените гревови и молитва за простување) и Кадиш Јатом (којшто се рецитира на крајот на службата). Вечерта ја завршивме со Леха Доди, песна посветена на Шабат, во која нејзиниот автор, Раби Шеломо бен Моше Алеви-Алкабец, кабалист од Сафед, го персонифицирал Шабат и го споредува со млада невеста.

За повеќе информации за карактерот и одбележувањето на Јом Кипур, погледнете го следниов линк: http://ezrm.org.mk/index.php/mk/jom-kipur

 

 


 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch