Европски ден на еврејска култура 2011

E-mail Print PDF


 

На 4 септември се одржа шестиот по ред Европски ден на еврејската култура. Оваа година темата беше Со погледи кон иднината - историското и модерното. Хорот Моис Хасон имаше целовечерен концерт на којшто изведе дел од своите познати сефардски романси на џудезму (џудео-еспањол), еврејски песни и песни од македонски и странски автори. Во Меморијалниот центар беше поставена изложбата под наслов Животот на битолските Евреи, во соработка со Музеј на град Битола. Изложбата опфаќа фотографии и документи за животот на Евреите од Битола од документацијата на Завод и Музеј на град Битола.

Европскиот ден го отвори претседателот на Еврејската заедница Бјанка Суботиќ, којашто им се обрати на присутните и го нагласи значењето на врската меѓу традицијата и модерното:

Тема на годинашново издание е Погледи во иднината - историското и модерното. Модерноста подразбира промена и дијалог во новиот европски контекст - дијалог во општеството, но и внатрешен дијалог на сите заедници кои денес ја даваат разноликоста и убавината на Европа.

Изложбата Животот на битолските Евреи можете да ја погледнете во Меморијалниот центар на холокаустот.


Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch