Ден на сеќавање на жртвите на холокаустот во Израел или Јом Хашоа

E-mail Print PDF


На 3 мај 2011 година Еврејската заедница го одбележа денот на сеќавање на жртвите на холокаустот на Израел со палење на 6 меморијални свеќи во Меморијалниот центар.

Свеќите ги запали Бехар Израел, еден од постарите членови на заедницата и преживеан од холокаустот, во знак на сеќавање, не само на 7200 македонски Евреи, туку на 6 милиони жртви на холокаустот во цела Европа. Обраќање имаа и претседателот на заедницата, Бјанка Суботиќ, претседателот на ФХЕМ, Лилјана Мизрахи, и полскиот амбасадор за Македонија, Карол Бахура. Во меморијалниот центар беа прикажани два документарни филма, Празни возови на режисерот Ед Гафни и документарен филм за Варшавското гето.

Јом Хашоа е меморијален ден за жртвите и хероите на холокаустот и е одреден од Парламентот на Израел во 1951 година. Се одбележува секоја година на 27. ден од месецот нисан според хебрејскиот календар, на годишнината на востанието во Варшавското гето.

 

 



Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch