Ден на дрвото, засади ја својата иднина

E-mail Print PDF

 


На 24 март 2011 година претставници на петте верски заедници по петти пат засадија дрвца како почеток на акцијата Ден на дрвото, засади ја својата иднина. Оваа година дрвца се засадија во Евангелиско методистичката црква и на овој начин се заокружи циклусот на садење дрвца од претставници на петте заедници. Tој започна во 2008 година кога домаќин беше Еврејската заедница во Република Македонија, а садењето се изврши кај Хана, дом на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Оваа традиција продолжи и во католичката верска заедница, муслиманската, МПЦ и евангелистичко методистичката заедница.

Подигнувањето на свеста за животната средина има своја основа во јудаизмот, во пишаните извори како Тората и Мишната, но и во традицијата и начинот на одбележување и карактерот на празниците. Садењето дрвца како чин се сретнува во еврејското семејство – кога се раѓа женско дете, се сади кипарис, а за машко дете се сади кедар. На овој начин се прославува раѓањето, а детето и дрвото растат заедно целиот живот.

Празник којшто директно се поврзува со садењето дрвца е Тубишват, или Новата година на дрвјата. За време на Тубишват во Израел цвета дивиот бадем и се означува почетокот на пролетта.

Во многу еврејски заедници Тубишват се зема како основа за започнување различни иницијативи за заштита на животната средина.


 

 

 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch