Комеморација 11 март 2011 година

E-mail Print PDF

 


Со голем број активности ја одбележавме 68-годишнината од депортацијата на македонските Евреи. На 8 и 9 март 2011 год. делегации од ЕЗРМ беа во градовите Битола и Штип каде што присуствуваа на изложбите во музеите на град Битола и Штип организирани по повод отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот. Делегациите на ЕЗРМ заедно со градоначалниците и многубројни граѓани и пријатели на Еврејската заедница положија свежи цвеќиња пред споменикот на Евреите - жртви на фашистичкиот терор во Штип, и пред бистата на Еврејката народен херој Естреја Овадија - Мара и пред споменикот на Евреите во Битола.

 

Во Скопје на 11 март со полагање цвеќиња на споменикот во Тутунскиот комбинат, а потоа и на Еврејските гробишта во Бутел, исто така, им се оддаде достојна почит на жртвите. На еврејските гробишта Бутел кадиш испеа рабин Лучијано Прелевиќ, а пригоден говор прочита и претседателот на Еврејската заедница во РМ Бјанка Суботиќ, која, меѓу другото, истакна:

Денеска е 11 март, ден обичен како и сите други, но не и за нас. Ова е ден кој во срцата на стотици македонски Евреи длабоко врежува спомени, остава лузни, ден во кој многу од нас овде присутни загубиле некој свој близок, мајка, татко, баба, дедо, тетка или чичко, ја загубиле целата фамилија. Што ли се случи третиот месец од 1943 година кога Скопје, Битола и Штип потонаа во непребол и молк, кога само за една ноќ ги снема Евреите кои дотогаш беа дел од богатото милје што ја исполнуваше космополитската содржина на древните градови од двете страни на Вардар, Драгор, Отиња?

Многу мајки не стигнаа да го подготват оброкот. Тој ден низ улиците помина чума, немилосрден виор кој однесе 7 200 животи на деца, момчиња и девојки, на мажи и жени, на старици и старци кои само неколку часа претходно му се радувале на животот. Ништо не остана. Само споменик, нем сведок за она што некогаш било, тука, на Еврејските гробишта Бутел. Години и години наназад Скопјани се собираат секој 11 март, секоја година да си споменат што се случи во далечната 1943 година. Да се потсетат, да не заборават на трагедијата на македонските Евреи, бидејќи заборавот го влече човекот кон нови злосторства и историски проклетилак, а се со цел човекот никогаш повеќе да не го оживее моралниот пад како во времето на холокаустот.

Гостите беа и на прием кај градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, во Собранието на град Скопје. Во одбележувањето на комеморативниот ден се придружија и државниот врв на РМ, дипломатскиот кор, претставници од соседните еврејски заедници, Сојузот на борците и наши соработници и пријатели.


 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch