Изложба

E-mail Print PDF


На 10 март 2011 година, во рамките на свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Еврејската заедница, во соработка со Фондот на холокаустот и Националната галерија на Македонија, ја постави изложбата на Сара Ајник, насловена како Јас, ти и оние – за холокаустот.

Сара Ајник има директна и лична врска со холокаустот, како дел од нејзината семејна приказна и како дел од нејзиниот живот во Израел. Таа е втора генерација од преживеаните и вели дека таквата трагедија секако остава траги во човековата душа.

Како што и самата вели:

И моето семејство имаше свој дел во тие приказни; семејствата на татко ми и на мајка ми биле протерани од своите села во поголем соседен град и не им било дозволено веќе да си ја обработуваат земјата. Чувствувајќи дека е товар за своето семејство, кое веќе живеело во градот, татко ми секоја ноќ го менувал престојувалиштето.

Таа зборува на начинот на кој Израелците ја чувствуваат врската со холокаустот, без разлика што самите тие лично не биле таму.

На свој сопствен начин, и јас бев таму, како и толку многу други, и не е важно дали семејството ти е од Полска, од Германија или од Мароко, сите ние ги сонуваме тие соништа, сите ние сме оттаму.

Изложбата ја отворија кустосот Ана Франговска и претседателот на Еврејската заедница Бјанка Суботиќ. Хорот Моис Хасон настапи со кратка програма од одбрани сефардски мелодии.


 

 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch