Свечено отворање на Меморијалниот центар на холокаустот

E-mail Print PDF

 


Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше свечено отворен на 10 март 2011 година.

Свеченоста започна со положувањето на трите урни со пепелта од македонските Евреи убиени во Треблинка во 1943 година во Меморијалниот центар. Урните ги внесоа војниците од Националната гарда на Република Македонија откако претходно во поворка од неколку стотици членови и пријатели на Еврејската заедница поминаа низ центарот на Скопје, почнувајќи од Музејот на град Скопје.

Меморијалниот центар, којшто е изграден во некогашното Еврејско маало во Скопје, беше свечено отворен во присуство на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, вицепремиерот на Израел, Моше Јаалон, претседателот на Албанија, Бамир Топи, и претедателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.

Рабинот Волтер Ротшилд испеа кадиш и ел рахамин, а беше прочитана и Декларацијата донесена на Верскиот лидерски форум во чест на сеќавањето на жртвите од холокаустот и на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот.

Основните цели на Меморијалниот центар се тој да биде музеј, образовен, истражувачи и културен центар, место за размена на изложби, регионален центар за Југоисточна Европа. Сега е поставена изложбата Македонска хроника: Приказната на сефардските Евреи на Балканот, којашто ја раскажува приказната на Евреите од Македонија и од Балканот од протерувањето на сефардските Евреи од Шпанија во 1492 година па се до денешниот живот на заедницата.


 

 

 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch