Младински лидерски форум

E-mail Print PDF


На 9 март 2011 година, во конгресната сала на хотелот Холидеј ин се одржа младинскиот лидерски форум на тема Вчера, денес, утре – заедно кон иднината во организација на претседателот на Младинскиот клуб Анахну, Оливера Јованова.

На форумот присуствуваа млади од различни студентски организации од Македонија и од странство, како и претставници на верските заедници и на политички партии. Беа присутни претседателите на European Union of Jewish Students (EUJS), Бенџамин Загзаг, и World Union of Jewish Students (WUJS), Оливер Ворт, и претставници од еврејските заедници во Солун, Белград и во Република Македонија.

Имавме особена чест форумот да го отвори рабин Ендру Бејкер со свое излагање, а потоа продолжи претседателот на EUJS, којшто зборуваше за значењето на ваков Меморијален центар и за принципот на толеранција.

Не е едноставно да се научи толеранција во овој свет. Сепак, никогаш не смееме да станеме толерантни спрема нетолерантните.

Она што денес ни е потребно е чувството на единство против нетолеранцијата. Од холокаустот треба да научиме дека нашите постапки се набљудуваат и се проценуваат. Секоја слабост во единството внимателно ќе се испита и злоупотреби. Глобалното единство што се соочува со злото мора да биде целосно за да се соочи со опасностите на денешнината и да ги порази нетолерантните. Не смееме да ги повторуваме грешките од минатото.

Се обрати и претседателот на WUJS којшто потенцираше:

Се разбира дека кога се присетуваме на тие Евреи, се присетуваме не само на фактот дека биле Евреи, туку дека нивните потомци денес се граѓани на Македонија. Нивната загуба беше и наша загуба, не само на Еврејската заедница, туку на модерната македонска нација и на човештвото во целост.

Претседателот на Младинскиот клуб, Оливера Јованова ги презентираше Еврејската заедница, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар, и го потенцираше заедничкиот удел на сите граѓани на Македонија во изградбата на споменици од ваков тип.

Меморијалниот центар на холокаустот не е само уште еден музеј во градот, тоа не е само уште едно збиралиште, не е уште еден културен споменик ниту пак уште еден центар на збиднувањата. Тоа е нешто што нашите родители го изградија заедно. Моите и вашите – нашите!

Во вториот дел на Младинскиот форум беше отворена дискусија на најразлични теми, како значењето на Меморијалниот центар, можности за соработка меѓу организациите присутни на форумот и образованието по прашањето за холокаустот во Македонија и во странство. Се зборуваше и за најразлични иницијативи за соработка меѓу младински и студентски организации од Израел и Палестина. Исто така, беа дадени и многубројни предлози во однос на Меморијалниот центар, како што се организирање групни посети на студенти и активности по повод Меѓународниот ден на холокаустот во центарот како дебати и дискусии.

 

Присуството на претседателот на WUJS на оваа средба овозможи Младинскиот клуб Анахну да аплицира за полноправно членство во оваа организација со кое ќе се стекне со право на глас под уставното име на Република Македонија.



Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch