Промоција на книга

E-mail Print PDF


На 3 март 2011 год. во салонот на ЕЗРМ како дел од активностите за отворањето на  Меморијалниот центар на холокаустот се одржа промоција на книгата Евреите во Македонија  низ вековите од прим. д-р Михаил Шумковски. Пред многуте поканети гости и членови на  заедницата, промоторите на книгата, академик Милан Ѓурчинов, проф. Вера Антиќ и проф. д-р  Самуел Садикарио го истакнаа значењето на оваа книга - запознавање на широката пуплика со  основните поими поврзани со јудаизмот. Ова дело, како што наведува и самиот автор, е  поттикнато од желбата на македонската јавност да и се прикаже животот на Евреите во  Македонија, нивното заедничко живеење со останатото население, различно по вера и  потекло, да се прикаже нивниот заеднички живот во една прекрасна симбиоза, никогаш со  конфликти, којашто ние денес би ја нарекле соживот.

На промоцијата Сузана Тодоровска-новинар во Радио Скопје прочита цитати од Мориц Романо и  Рафаел Пијаде.


 

 

 

 

 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch