Пурим, 2011 година

E-mail Print PDF

 


На 20 март 2011 година го прославивме празникот Пурим. Во преполниот салон на ЕЗРМ, како и секогаш, Пурим го одбележавме весело и низ забава. Кловнот Лили и Снежана (од приказната за седумте џуџиња) на децата им приредија куклена претстава инспирирана од еврејската традиција и приказната за убавата Естера. Децата носеа многу интересни маски, кои измамија искрени насмевки на лицата на постарите. На крајот како награда, сите добија по едно слатко задоволство, а оние кои не беа маскирани, своето слатко задоволство го надоместија со Амамовите уши, кои специјално за овој празник ги подготвија жените од Женскиот клуб на ЕЗРМ.

На крајот сакаме да им се заблагодариме на сите оние што ја употребија својата фантазија и дојдоа маскирани.

Бевте одлични!

 



 

Last Updated ( DATE_FORMAT_LC2 )  
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch