Свечено отворање на Меморијалниот центар на Евреите од Македонија

E-mail Print PDF

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе биде свечено отворен во Скопје на 10 март 2011 година.

Центарот е мултимедијален, составен е од повеќе функционални делови и ќе биде отворен во неколку фази. На 10 март ќе биде отворен музејскиот комплекс што содржи постановка за животот на Евреите во Македонија и на Балканот.

Меморијалиот центар има повеќе функции. Тој ќе претставува музејски, образовен, истражувачки и културен центар, а ќе има можности и за многубројни размени на изложби со други музеи и центри.

Пред отворањето на центарот се предвидени различни активности, како што се изложбите на фотографии на 8 март во Музејот на град Битола и во Музејот на град Штип, и комеморативна седница во МАНУ.

На отворањето ќе присуствуваат претседател на Владата на РМ, претседателот на РМ, високи претставници на државата Израел, како и претставници од еврејските музеи и заедници од целиот свет.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch