Младински клуб

E-mail Print PDF

Во рамките на Еврејската заедница функционира и Младинскиот клуб Анахну (ние на хебрејски), во кој членуваат млади од 18 до 26 години. Клубот има свое управувачко тело составено од претседател и координатори.

Клубот се собира на редовни состаноци на коишто се дискутираат прашања поврзани со работата и активностите на клубот, како и со учеството на младите на празниците и на различни настани што ги организира Еврејската заедница. Понекогаш младите се собираат и за Шабат кога се дружат и имаат заедничка вечера.

Младите учествуваат во подготовката на младинското списание Ани Ве Ата со пишување текстови од различни области на еврејскиот живот и традиција. Исто така, младинскиот клуб го презеде уредувањето на билтенот 11 Март. Традиционално учествуваат во организацијата на комеморацијата за 11 Март.

Дел од младите работат и секоја недела со децата во детското катче Крал Давид.

Во 2000 година Анахну го реализираше проектот Давид 2000 – реставрација на Еврејските гробишта во Битола заедно со студенти од целиот свет.

Младинскиот клуб е член и на EUJS (European Union of Jewish Students), WUJS (World Union of Jewish Students) и Gesher Weinberg Region. Како таков, учествува на собирите на овие организации и дава свој придонес во зачувувањето и унапредувањето на еврејската култура и традиција.

 
replica grey band watch
replica purple band watch
replica orange band watch